Официјално: Кампацо е новиот кошаркар на Црвена звезда

фото: EPA-EFE/Zipi

Српскиот кошаркарски клуб Црвена звезда потврди дека во своите редови го доведе аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо.

Искусниот 31-годишен бек од Кордоба потпиша договор до крајот на натпреварувачката сезона 2023/24 и ќе претставува огромно засилување за белградските „црвено-бели“.

Искусниот плејмејкер во Европа пристигна во 2014 година во Реал Мадрид, со кој двапати ја освои Евролигата.

Во 2020 година, тој се пресели во Денвер Нагетс во НБА, каде што помина две сезони. На стартот од оваа сезона играше за Далас, но брзо се раздели со Маверикси и реши да се врати во Европа.

Засега не е познато кога Кампацо би можел да дебитира за новиот тим, бидејќи Црвена звезда има забрана за пријавување на нови играчи во Евролигата. Следниот натпревар „црвено-белите“ ќе го играат во четврток на гостувањето кај Олимпијакос во 15 коло од Евролигата, а тој меч се игра од 20.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот