Официјално: Иван Перишиќ е нов фудбалер на Тотенхем

Хрватот го напушти Интер, Иван Перишиќ ќе игра во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Денеска Тотенхем го промовираше своето прво летно засилување, тоа е Иван Перишиќ кој ќе му се пруклучи на англискиот клуб на 1 јули по истекот на неговиот договор со милански Интер.

Искусниот хрватски репрезентативец се согласи на договор со премиерлигашот од Лондон кој ќе трае до 2024 година.

Ја започна својата кариера во младинските академии на Хајдук Сплит и Сошо пред кратката позајмица во Руселаре во Белгија. Во 2009 година, тој се приклучи на Клуб Бриж, каде што само во својата втора сезона беше најдобар стрелец во лигата и беше прогласен за фудбалер на годината во Белгија.

Следеше преселба во Германија во 2011 година кога ги освои Бундеслигата и Купот на Германија во неговата прва сезона во Борусија Дортмунд, пред да го освои вториот германски куп и еден Суперкуп по трансферот во Волфсбург во 2013 година.

Две и пол години подоцна, тој потпиша за Интер, започнувајќи ги натпреварите и редовно постигнувајќи голови за италијанскиот клуб, додека не се врати во Германија со позајмица во Баерн Минхен во 2019/20 година во Германија, со кој ја освои Лигата на шампионите.

Тој се врати во Интер и играше под Антонио Конте, покажувајќи ја својата разноврсност со тоа што настапуваше на крилните позиции, и како напаѓач. Со „нераѕурите“ освои титулата во Серија А во сезоната 2020/2021.

Ја продолжува добрата форма и оваа сезона, постигнувајќи 10 голови и девет асистенции во сите натпреварувања, со трофеи во италијанскиот куп и Суперкупот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот