Одржана јавна анкета и јавна презентација на Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Орман во Општина Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров одржа јавна анкета и јавна презентација на Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Орман, блокови 11, 12, 13, 14, 15, 15.1, 16 и 17, Општина Ѓорче Петров.

Со овој урбанистички план, предвидено е домување во станбени куќи со овозможување услови за директна реализација. Конечно се решаваат сообраќајните инфраструктурни проблеми со планирана инфраструктура што е неопходен предуслов за реализација на истата. Во интерес на граѓаните го продолжуваме и рокот на јавната анкета од минималните законски предвидени 5 на 11 работни дена. ДУПот е изложен во просториите на МЗ Волково, а анкетните листови со забелешки може да се доставуваат до 24.01.2022 во просториите на МЗ Волково и општина Ѓорче Петров  – информираат од оваа скопска општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот