Одлуки на Влада: Пари за замена на времените објекти на Здравствен дом Скопје, одземено одобрение за одгледување на канабис на друштво од Скопје

Фото: mia.mk

За замена на времените објекти од амбулантско-поликлиничка дејност на Здравствен дом Скопје за 2021 година се предвидени 118.000.000 милиони денари, додека за 2022 година 94.400.000 милиони денари, одлучи Владата на денешната седница.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за повеќегодишна јавна набавка на градежни работи за замена на времените објекти, бараки на бетонска подлога, односно објекти кои се постари од 40 години и со очигледни оштетувања, од амбулантско-поликлиничка дејност на Здравствен дом Скопје.

На предлог на Министерството за здравство, Владата донесе Одлука за престанување на важењето на одлуката за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Скопје.

– Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за оценување на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели која на 21.12.2020 година и 12.01.2021 година изврши контрола над работата на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Скопје во објектот лоциран во село Алданци, Крушево, при што е констатирано дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот оценети и усвоени од Комисијата за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели не ги задоволуваат одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во делот на кадарот со што е постапено спротивно на член законските одредби за оваа дејност, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот