Одложено судењето за ,,Шпански скали”

Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградба на „Шпанските скали"/ Фото: МИА

Денешното рочиште се одложи заради изолација на еден од обвинетите.

Денешното рочиште за судскиот предмет ,,Шпански скали” се одложи заради изолација на еден од обвинетите. Следното рочиште за овој случај е закажено на 6 април.

Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ.

Во случајот „Шпански скали”, освен поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Според обвинението сите обвинети се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот