Одложена посетата на Пендаровски во Хрватска

Претседателот Стево Пендаровски вечерва соопшти дека телефонски разговарал со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и се согласиле да се одложи најавената посета на македонскиот претседател.

-Заеднички се усогласивме да се одложи мојата најавена посета на Загреб планирана за почетокот на ноември имајќи го предвид неповолниот развој на состојбата со ковид19 во двете земји, но и низ цела Европа- стои во објавата на претседателот.

Телефонски разговарав со претседателот на пријателска Република Хрватска, Zoran Milanović. Заеднички се усогласивме да…

Publiée par Stevo Pendarovski sur Vendredi 23 octobre 2020

-Хрватска останува силен поддржувач за оддржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава и формално отпочнување на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, соопшти Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот