Одлив по земјотресите во Хрватска: Од три училишта во Петриња се испишани најмалку 105 ученици

epa08918490 A woman walks with some children near tents set up as temporary shelters in the Strasnik village, near Petrinja, 04 January 2021. The 6.4 magnitude earthquake that struck Croatia on 29 December 2020 left many houses in Petrinja, Sisak and the Glina area damaged or destroyed many and another 4.2 magnitude aftershock was measured earlier on 04 January 2021. The 29 December 2020 earthquake left numerous people injuried and at least seven people dead. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Најмалку 105 ученици се испишале од три основни училишта во Петриња од земјотресот во декември до денеска, објави хрватскиот весник Јутарњи лист. Исто така, одливот на најмалку 150 ученици од училиштата во Сисачко-мославачката жупанија значи дека толку семејства во изминатите месеци се преселиле. 

Весникот наведува дека најголем одлив е регистриран во Петриња, речиси 10 отсто од вкупниот број на ученици.

– Секоја недела барем еден ученик заминува. Семејствата се селат во Загреб, во Велика Горица, а дел се преселија во Австрија, во Германија или Босна и Херцеговина. Секако, сите кажуваат дека сакаат да се вратат, но тоа се луѓе кои немаат каде да се вратат, изјави директорот на Првото основно училиште во Петриња, Роберт Гроз.

Од тоа училиште од јануари досега се испишале 40 ученици.

Видео на денот