Фото: F1

Одлични квалификации за Мерцедес: Расел прв ќе стартува, Антонели зад него

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на првата трка од новата сезона во Формула 1, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Британецот доминираше во сите три квалификациски сесии и сосема заслужено дојде до првото стартно место. Одличен ден имаше и неговиот тимски колега Кими Антонели, кој ќе стартува од втората позиција и со тоа го комплетираше одличниот настап на Мерцедес. Младиот Италијанец во самиот финиш доживеа тежок инцидент, но за среќа помина без повреди, а штета претрпе само болидот.

Зад двајцата возачи на Мерцедес на стартот ќе бидат Исак Хаџар, Шарл Леклер и Оскар Пјастри, додека актуелниот светски шампион Ландо Норис квалификациите ги заврши на шестата позиција. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе ја започне трката од седмото место.

Најлошо помина четирикратниот светски шампион Макс Верстапен, кој уште во првата квалификациска сесија излета од патеката и удри во заштитниот ѕид.

Поради инцидентот, шампионот од периодот 2021–2024 ќе стартува од самиот крај на колоната, каде што ќе се најдат и Карлос Саинц и Ленс Строл, кои воопшто не учествуваа во квалификациите.

Трката за Големата награда на Австралија се вози утре наутро во 5 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот