Од полноќ бензините поскапи за половина денар, дизелот со иста цена

Фото: Архива на „Слободен печат“

Од полноќ за половина денар се зголемуваат цените на бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со иста цена и во следните седум дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,251 денари за килограм и ќе изнесува 26,531 денари за килограм.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 проценти во однос на минатонеделната одлука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот