ОД НЕГО СЕ ПЛАШЕЛА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: Кој е „опасниот и непресметлив Србин“ кој КОНЕЧНО е фатен во Темерин?

Фото: Полиција

Даниел Војновиќ, затвореникот по кој трагала Европа откако побегнал од притвор во Германија, конечно пристигнал во родната Србија. Тој е уапсен заради други кривични дела извршени во Србија, а полицајците останале шокирани кога дознале дека го фатиле бегалецот кој ја стресе цела Европа.

Даниел Војновиќ е Германец со српско потекло, кој во завршил во затвор во Германија заради повеќе кривични дела направени во таа земја. Иако на судењето е оценет како „исклучително опасен и непресметлив“, годината која тој ја поминал во германскиот затвор наизглед го промениле овој маж, за што допринеле разговорите со терапевт.

Дека станува збор за лице кое има пореметен однос и спрема жените, докажува и фактот дека терапевтот со кој работел, морал да биде маж, а средбите со жени во затворот биле сведени на минимум, пишуваат германските медиуми.

После една година од служењето на казната, раководството на затворот одлучило дека е психички спремен за посета на семејната куќа, сметајќи дека ќе помогне во неговата ресоцијализација. Но, испаднало дека таа проценка била погрешна.

На 20 март Војновиќ со два стражари од затворот заминал на посета на куќата на своите родители во Бад Залцуфлен. Ништо не сугерирало дека затвореникот ќе ја искористи шансата да им избега на стражарите, а посебно бидејќи на претходните две посети, се било во ред.

Меѓутоа, Војновиќ кој во тој момент на рацете немал лисици, ја искористил негрижата на чуварите и се стрчал кон купатилото. Тој се заклучил, а потоа низ прозорот скокнал на улица, седнал во Опел автомобилот на своите родители и побегнал.

Чуварите веднаш им јавиле на надлежните што се случило и од тој момент започнала потрага за „опасниот и непресметлив“ бегалец кој би можел на некого да му наштети. Полициските соопштенија во деновите кои следеле, ги опоменувале граѓаните ако го сретнат Војновиќ во никој случај да не разговараат со него, туку веднаш да повикаат полиција, а тој бил претставен како многу опасен.

Деновите поминувале, а од Војновиќ немало ниту трага, ниту глас. Полицијата разговарала со сите луѓе од неговото опкружување, надевајќи се дека некој од нив би можел да открие било каков детал кој подоцна би довел до негово апсење. Но, никој не знаел каде е „опасниот Србин“.

Фото: Полиција

Во меѓувреме, потрагата се проширила и во другите земји низ Европа, со посебен акцент на балканските земји, баш заради сомнежите дека Војновиќ би пробал да се скрие во Србија или некоја од околните земји.

Против чуварите на кои Војновиќ успеал да им помогне била покрената постапка. Отворени биле голем број на прашања на кои засега никој не одговорил, како тоа од каде Војновиќ имал клуч од автомобилот, па дали тој уште од претходно го планирал бегството и дали родителите му помогнале во тоа.

Три месеци подоцна, јавноста во Европа се смирила, а германската полиција повремено соопштувала дека е на трага на избеганиот затвореник, па дека сигурно наскоро ќе следи негово апсење, но дека не можат да откријат повеќе детали, за да не би влијаеле на истрагата.

Дали тамошната полиција знаела дека Војновиќ е во Србија, дека успеал да ја пројде границата на барем две држави на патот кон својата родна земја, веројатно ќе остане мистерија. Голема мистерија е и тоа како Војновиќ успеал да ги пројде државните граници како бегалец и дали некој му помогнал во тоа.

Сепак, полицијата во Нови Сад го уапсиле завчера Војновиќ во Темерин и тоа на основа на потерница која ја издала српската полиција заради сомнение дека бегалецот извршил повеќе кривични дела на територија на Србија.

Помеѓу другото, тој е обвинет за кражба на автомобил, предизвикување на сообраќајна несреќа и учествување во тепачка, а при апсењето тој пробал да побегне. За среќа, полицајците го совладале.

Дека се работи за бегалец од германскиот затвор за кој се зборело во цела Европа се дознало дури подоцна, кога е утврдено дека за него била распишана и потерница од Интерпол, а Војновиќ во моментот на апсење во себе имал германски документи.

Судбината на Даниел Војновиќ засега е непозната, но како што кажал извор за Блиц запознаен со случајот, тој најверојатно прво ќе биде процесиран во Србија пред надлежното Јавно обвинителство во Нови Сад, а потоа, доколку постои договор за екстрадиција помеѓу Германија и Србија, ќе биде испорачан на тамошните обвинители.

Список за одстрел

Општа паника по бегството посебно допринела информацијата која се појавила во германските медиуми, дека Војновиќ со себе имал и список за одстрел, на кој се наоѓале имиња на судии и обвинители кои работеле на неговиот случај.

Даниел наводно тоа го споделил со цимерот од ќелијата и со терапевтот. Полицијата веднаш ги демантирала тие наводи, велејќи дека во тој случај на Војновиќ немале да му бидат дозволени посети на родителите, но поединечни судии и обвинители сепак добиле обезбедување.

Ранил обезбедување, обвинет е за кражба

Војновиќ во затвор во Германија завршил за нанесување на тешки телесни повреди и носење на полуавтоматско оружје, па бил осуден на три години и осум месеци затвор. Тој исто така е обвинет дека во 2014 година од непосредна близина пукал во ногата на обезбедување на јавна куќа и притоа му ја разнел бутната коска, бидејќи заклучил дека тој не го почитувал.

Германецот со српско потекло и пред тоа бил казнуван повеќе пати. Избори на германските медиуми наведуваат дека Војновиќ по пресудата во 2015 година, не бил на ментално ниво на врсниците, туку имал пореметено разбирање за жените, заради што контактот со нив во затворот бил сведен на минимум. Исто така било наведено дека Војновиќ пати од параноја, па официјално бил дијагностициран со дисоцијално нарушување на личноста. При донесување на одлуката за затвор, не било докажано дека има шизофренија, иако тој чудно се однесувал на главната расправија во 2015 година, кога не ја препознал родената мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот