Од идната година нема да се продолжува пензионирањето до 67 години

скопје луѓе пензионери клупа плоштад
Пензионери во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Годинава, до 31 август, ваквото продолжување е можно. Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.

Се изгласаа законските измени на Законот за работи односи, а со измените, од идната година веќе нема да може да се продолжува пензионирањето дополнителни 3 години, односно до 67 години возраст. Годинава, до 31 август, ваквото продолжување е можно. Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.

„Договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено“, пишува во Законот за работни односи.

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева, која е една од предлагачите на законските измени, објаснува дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување жените, како и досега, може да изберат да одат во пензија и на 62 години.

– Ова решение остава можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Продолжување на работниот однос до 67 години, под строго дефинирани критериуми и постапка, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството и во високото образование. На овој начин отвораме можност за вработување на младите, но и ја намалуваме бројноста во администрацијата – објаснува Ванчева.

Таа вели дека одложената примена на Законот е за да им овозможи на граѓаните да го реализираат веќе стекнатото право.

– На овој начин, за граѓаните што веќе го стекнале правото да го продолжат својот работен век, обезбедуваме можност да го остварат веќе стекнатото право – вели Ванчева.

Во измените на Законот за работни односи е наведено дека за поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2021 година, се применуваат досегашните одредби од Законот за работните односи. Притоа, договорот за вработување  важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 30 јуни 2022 година.

Според анализите на Министерството за труд и социјална политика,  6.000 вработени ,како од јавниот, така и од реалниот сектор, кој до крајот на 2020 година ќе наполнат 64 години.

Законските измени беа во собраниска процедура од ноември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот