Од Хезболах велат дека нападите врз американските бази се важни за да се запрат нападите врз Газа

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Нападите врз американските бази и воени објекти во Сирија и Ирак се важни за запирање на агресијата врз Појасот Газа, изјави денеска заменик-шефот на милитантната група Хезболах, Наим Касем.

„Денес постои алијанса што го нарекуваме оска на отпорот, кој вклучува групи од земји како Иран, Ирак, Сирија, Либија, Јемен и Палестина“, рече Касем, а пренесува шпански „Ел Мундо“.

Тој посочи дека на сите овие групи им е заедничко тоа што ја бранат „легитимната, палестинска кауза“.

„Тие сметаат дека Палестинците ја заслужуваат оваа земја, а не окупаторите и дека окупаторите треба да ја напуштат оваа земја и да ја вратат на нејзините сопственици. Во оската на отпорот нема газда“, посочи Касем и додаде дека од друга страна има уште една оска составена од САД, Франција, Германија, Британија и Израел.

„Таа оска ја поддржува окупацијата, дава легитимитет на убиствата на деца и жени, уништување болници и му дава имунитет на Израел да продолжи со масакрите. САД ги поддржуваат овие масакри и затоа нападот на САД е од суштинско значење за да се запре агресијата врз Газа“, тврди Касем.

Според податоците на Пентагон, од 17 октомври, американските војници во Сирија и Ирак биле нападнати повеќе од 50 пати. Во Сирија се распоредени 900 американски војници, а во Ирак 2.500 американски војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот