Од Хамас велат дека не се плашат од распоредувањето на израелски сили во Газа

Хамас/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Членот на политичкото биро на Хамас, Гази Хамад, денеска изјави дека палестинската милитантна група е подготвена за какво било потенцијално распоредување на израелски војници во Газа.

-Не се плашиме. Ние сме силен народ. Решени сме да продолжиме. Имаме многу борци и има многу луѓе кои сакаат да не поддржат, изјави Хамад за Ал Џезира.

Тој додаде дека „дури и луѓето на границите на Јордан, Либан и насекаде, сакаат да дојдат овде и да се борат за нас“.

-Од почетокот на оваа операција, испративме 1.200 борци кои успеаја да го уништат имиџот на Израел, безбедноста на Израел, израелските разузнавачки служби и сликата дека Израел е суперсила, рече Хамад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот