Од 1 ноември ќе работи термоцентрала ТЕ-ТО

Те-То ќе обезбедува дополнителни количини струја уште два месеци/ Фото: МИА

Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има. Тој во исто време истакна дека во формулација на финална цена на одреден производ има многу импути, а еден од нив е електричната енергија.

-Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи. Мислам дека струјата нема да биде поскапа. Имаме механизми како Влада, ако тоа се злоупотреби можеме директно да донесеме одредени одлуки согласно за замрзнување на одредени цени на основни прехранбени производи, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање, по работната средба со претставници од прехранбената индустрија.

Според Бектеши држава се грижи за оваа криза да не биде на грбот на граѓаните.

– Секако дека се обезбедени средствата, ќе имаме поддршка и од страна на Европската комисија. Ова е само почеток на донесување на вакви мерки, ќе следуваат и уште многу мерки, со цел да ја ублажиме кризата и за заштита на стандардот на потрошувачите, додаде министерот пред новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот