Оценка на ЦУК: Нема опасност од поголеми поплави

Нема опасност од поголеми поплави по зголемените врнежи во земјава, оцени денеска Главниот штаб за управување со кризи на својата 10-та седница која се одржа преку видеоконференциска врска.

На седницата, како што информираат од ЦУК, освен превземените мерки за справување со кризната состојба прогласена поради ковид-19, била разгледана и актуелната ситуација со врнежите од дожд.

Во однос на преземените активности во борбата против пандемијата, било истакнато дека преку координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи и со рационално искористување на расположливите национални ресурси ќе се обезбеди поголемо и сеопфатно дејствување во правец на превенција и спречување на ширењето на вирусот.

– Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација, се вели во соопштението од ЦУК.

Оттаму информираат дека освен со Црвениот крст, во постојана координација се и со граѓанските организации што, според в.д директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е со цел да се проширува фронтот за борба против пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот