Обвинителството бара казни за деветмина граѓани од Гевгелија

ОЈО на судот му предлага да ги казни со парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Основното јавно обвинителство од Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Четворица од нив, допатувале на 18 март во Македонија од Грција, Турција и Бугарија како земји со среден или висок ризик за зараза согласно листата на Светската здравствена организација.

При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19 и потпишале изјави за самоизолација.

При полициска проверка на 19 март, обвинетите не биле во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело. Обвинителството за секој од обвинетите предложи на судот да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Пет лица во Гевгелија пак ја прекршиле Одлуката на Владата на Македонија за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден.

Тие во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. ​За секое од петте обвинети лица обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот