Обвинение за битолчанка која го уценувала поранешниот дечко

Таа од него барала 13.000 евра за да не објави компромитирачки фотографии од него на неговото семејство.

Скопското јавно обвинителство поднесе овинителен предлог против битолчанка на возраст од 34 години која е обвинета за кривичното дело уцена.

Според ОЈО, сега обвинетата од 15 јануари до 11 овој месец, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала маж со кого претходно била во љубовна врска, барајќи му пари, уценувајќи го дека доколку не и ги даде парите ќе испрати компромитирачки фотографии од него на неговото семејство и ќе ги објави на социјалните мрежи со цел да ги наруши неговите чест и углед, како и честа и угледот на неговото семејство.

Продолжувајќи со  истите закани и уцени, на 10 овој месец обвинетата го  контактирала оштетениот преку апликациите Viber и WhatsApp, при што побарала од него следниот ден, на 11 март во 14 часот, да и донесе 1.200 евра  во хотел во Скопје, а остатокот од побараните 13.000 евра да и бидат исплатени дополнително.

Жртвата за случајот ја известила полицијата, која пак ги „обележала“ парите. Штом сега обвинетата ги зела парите, таа била уапсена од полициска патрола. Јавното обвинителство до судија на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје побара продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетата, бидејќи постои опасност да се крие или да се даде во бегство.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот