Обвинение против скопјанец кој во бункери и цевки криел оружје и хероин

Фото: Илустрација

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 24-годишник, во текот на април годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ во Скопје, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, во импровизираните бункери и околу нив биле пронајдени автоматска пушка MPIKM со пластичен кундак и калибар 7,62х39 мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка „Црвена застава М75“ со калибар 7,9 мм, автоматски пиштол  VZ61 scorpion со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач, 34 куршуми со калибар 7,65 мм, автоматско оружје – пушка од албанско производство со калибар 7,62Х39 мм, една празна рамка и една рамка со 18 куршуми од тој калибар, полуавтоматско оружje BERETTA Cx4 storm со калибар 9 мм, автоматско оружје – пиштол „Застава М84 scorpion“ со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач и со рамка со 20 куршуми од тој калибар, како и полуавтоматско огнено оружје  – пушка „Застава М76“ со калибар 7,9Х57 мм со монтиран оптички нишан- стои во соопштението на ОЈО Скопје.

Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.382,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.

Надлежниот јавен обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот