Обрадовиќ си замина од Фенербахче, ќе паузира една година

твитер

Најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на турскиот Фенербахче откако двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

Обрадовиќ одлучи да земе едногодишен одмор, исто како што стори во 2012 година, а потоа седна на клупата на турскиот тим.

Обрадовиќ од 2013 година го предводеше Фенербахче и за тоа време четири пати ја освои титулата во Турција, еднаш триумфира во Евролигата, три пати во турскиот куп и Супер куп и три пати играше во финалето на Евролигата.

– Минатата недела имав топли и искрени разговори со претседателот Али Коч и управата на Фенербахче. По разговорот одлучивмеда се вратам во Белград и да поминам неколку дена со семејстовото, а потоа донесов една од најтешките одлуки во животот – да земам едногодишен одмор од кошарката. Посебно сум благодарен на кошаркарите, тие беа најважен дел во олдичните резултати кои ги постигнавме. Нормално морам да им се заблагодарам и на навивачите без кои оваа работа нема никаков смисол. Имам толку спомени кои не можам да ги заборавам – изјави Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот