Обложувалниците во САД немаат дилеми, Јокиќ е МВП

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Во финишот од регуларниот дел во НБА лигата, трката за признанието за најкорисен играч, МВП, е речиси готова. Обложувалниците во САД немаат дилеми, МВП трофејот за регуларниот дел од сезоната ќе оди во рацете на центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.
Моментниот коефициент дека Јокиќ ќе го освои МВП трофејот изнесува 1.05, односно на 100 вложени долари ќе се заработат само пет.

Пред почетокот на сезоната, коефициентот дека Јокиќ ќе биде МВП изнесуваше 26, односно на 100 вложени долари, заработката ќе биде 2.600 долари. Традицијата покажа дека обложувалниците во САД речиси никогаш не грешат кога го објавуваат коефициентите во пресрет на последните 3-5 натпревари од регуларниот дел, што е речиси сигурен доказ дека центарот на Денвер ќе биде прогласен за МВП на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот