Објекти во Тетово, Врапчиште и Гостивар работат за време на полицискиот час

Стојко Пауновски, директорот на Државен пазарен инспекторат на денешната прес-конференција истакна дека има објекти кои работа иако не е донесена нова одлука на Владата.

-ДПИ постапува по одлуките на Владата објавена во Службен весник. Согласно ова, се до моментот додека Владата не донесе нова одлука, ДПИ ќе постапува со неа за се што ќе констатира како неправилност.

Многу објекти се осмелија и во полициски час отвораат и се собираат луѓе. И синоќа и прексиноќа затворавме објекти во Тетово, Врапчиште и Гостивар. Упатувам апел барем во полициски час инспекторите да не бидат повикувани за затворање на објекти, а тие кои одат во тие објекти го загрозуваат и своето семејство.

Упатуваме апел дека постепено ќе дојде до олабавување на мерките, но не можеме да даваме совети кога да се отвораат некои објекти, бидејќи и ние сме подложни на последици кои може да ги сносиме.

Се додека нема нова одлука, ќе постапуваме по старите, рече Пауновски .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот