Обид за манипулација: Германски лекари се обиделе да се вакцинираат преку код за друг округ

epa-efe
Вакцинација во Германија. / Фото: EPA-EFE/KAY NIETFELD / POOL

Десетини лекари во германскиот округ Нојс се обиделе да се вакцинираат на нелегален начин.

Станува збор за 40 лица кои имаат право на доза од анти-ковид вакцина, но не во округот Нојс.

– Тие ниту живеат, ниту работат овде, соопштија окружните власти.

Весникот „Вестдојче цајтунг“ објасни дека лекарите, од едно засега непознато лице, добиле пристапен код и се пријавиле за вакцинација преку интернет.

Истиот код е користен во повеќе наврати, иако важи за цел тим од една ординација или установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот