„ЊУЈОРК ПОСТ“ НАЈАВУВА: Мајкл Блумберг се вклучува во претседателската трка во САД?

Фото: Принтскрин

Познатиот американски бизнисмен, политичар, писател и филантроп Мајкл Блумберг размислува повторно да се вклучи во претседателската трка следната година, разочаран од сите големи кандидати на Демократската партија,објави Њујорк пост повикувајќи се на неименувани извори.

„Блумберг смета дека Џо Бајден е слаб, а Берни Сандерс и Елизабет Ворен не можат да победат”, нагласи изворот запознат со промената на мислењето на поранешниот градоначалник на Њујорк во три мандати, кој пред неколку месеци изрази незаинтересираност за да биде кандидат.

Друг извор изјави дека Блумберг ќе донесе одлука набрзо, додека трет извор очекува одлуката да биде донесена во рок од неколку дена.

Пост нагласува дека Блумберг верува дека динамиката на трката за кандидат на демократите се променила дека умерениот кандидат Бајден заостанува, а Ворен која се противи на корпорациите, добива интензитет во кампањата.

Демократите ќе го бираат својот кандидат за претседателските избори на 3 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот