НОВИ ЖРТВИ ВО КИНА: Две лица починаа од мистериозната вирусна пневмонија

Според најновите информации, во Кина се пријавени најмалку 41 пациент, меѓу кои пет се во сериозна состојба.

Уште едно лице почина од мистериозната вирусна пневмонија, која се појави во централна Кина, а спаѓа во истата група како САРС, соопштија здравствените власти.

Во метрополата Вухан, каде што за првпат е откриена болеста минатиот месец, почина 60-годишен маж, соопшти општинската комисија за хигиена и здравство на својата веб-страница.

Пред неколку дена во Вухан, како последица на новата мистериозна болест, почина 61-годишен пациент, кој имал и рак и хронично заболување на црниот дроб.

Човекот, како и другите пациенти кај кои е регистрирана белодробната болест, го посетувал пазарот во Вухан, кој се смета за место каде првпат се појавила болеста. Пазарот е затворен од 1 јануари, а на него покрај риби, се продаваат и диви животни.

Според најновите информации, во Кина се пријавени најмалку 41 пациент, меѓу кои пет се во сериозна состојба.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа пневмонија предизвикува страв од повторно појавување на заразниот вирус САРС (тежок акутен респираторен синдром), од кој во 2002 и 2003 година во Кина и Хонгконг починаа 650 лица.

Покрај тоа, два случаи заболени од овој вирус се откриени во Тајланд и Јапонија, чии власти велат дека пациентите биле во Вухан пред да бидат хоспитализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот