7.9 C
Скопје

„Нови лист”: Случувањата околу Северна Македонија во изминатите 30 години се огледало на реалноста во ЕУ

Сето она што се случуваше на релација меѓу Европската Унија (ЕУ) и Република Северна Македонија во изминативе 30 години е огледало на реалната состојба во Унијата, оценува риечкиот весник „Нови лист” во текст посветен на европскиот пат на земјава.

Весникот посочува дека Грција со децении го блокираше пристапувањето на земјава во ЕУ поради спорот околу името, кој како што се наведува беше надминат со Договорот од Преспа, „попознат како договор за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија”.

Весникот нагласува дека по решавањето на овој спор, нови пречки на патот на земјата кон ЕУ става Бугарија.

– Со потпишувањето на Договорот меѓу Бугарија и Македонија во 2017 година, се чинеше дека ќе се решат барем некои отворени горливи прашања меѓу двете земји. За жал, на почетокот на ноември оваа година, Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Северна Македонија и нејзината предлог-декларација, бидејќи не ги обезбедуваат потребните гаранции за исполнување на условите што ги бара Бугарија, наведува „Нови лист”.

Прочитајте и...  „Гласен текстилец“: Не потпишувајте спогодбени откази, нема веќе надомест

По ова, според весникот, Бугарија започна со ултимативни барања, како тоа Северна Македонија „да се откаже од тезата за постоење на етнички Македонци во Бугарија”, потоа „отстранување на одредени македонски историски личности од учебниците затоа што тие наводно биле Бугари”, како и откажување „од употребата на терминологија за „бугарска фашистичка окупација” на Македонија за време на Втората светска војна”.

– Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева неодамна изјави дека „триесет години по демократските промени, не може од една страна да сакате да бидете членка на европското семејство, а од друга страна да го славите еден од најсуровите диктатори на 20 век – Јосип Броз Тито”. Некои, како што е потпретседателот на бугарскиот Парламент, Веселин Марешки, лидер на десничарска популистичка партија, отиде чекор подалеку. Тој тврди дека Бугарија и Северна Македонија, бидејќи станува збор за еден народ, треба да се обединат, па со тоа „како браќа автоматски да станат европски граѓани, потсетува хрватскиот весник.

Прочитајте и...  Продолжи изградбата на „Северен поток 2“

„Нови лист” нагласува дека интересно е тоа што според една анкета, дури 83,8 проценти од Бугарите ја поддржуваат блокадата на Северна Македонија, се додека не биде постигнат договор за историјата, односно „додека Северна Македонија не се согласи со барањата на Софија”.

– Без разлика на тоа како ќе се одвива ситуацијата околу Република Северна Македонија, треба да се запамети еден важен факт. Грција и Бугарија се членки на ЕУ, кои при влегувањето во ЕУ ги прифатија основните договори на Унијата, а со тоа и правилата за однесување во согласност со европското законодавство. Затоа, се што се случуваше изминативе триесет години на релација ЕУ-Република Северна Македонија, во исто време е огледало на реалната состојба во Унијата, заклучува „Нови лист”.

Прочитајте и...  „Ова е масовно убиство“: Пет лица загинаа во пукотница во Индианаполис, меѓу нив 19-годишна бремена жена

Поврзани вести

Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

Слободен печат

„Ја разбираме карикатурата, но Петричиќ не го разбира силувањето“: Карикатуристот ја шокираше јавноста

Слободен печат

Втор ден немири во Холандија по воведувањето на „полициски час“: Инциденти во Ротердам и во близина на Мастрихт

Слободен печат

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Остави Коментар