Нови членови во Друштвото на писатели на Македонија

На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавиле 47 кандидати.

Претседателството ги разгледало сите доставени материјали, ги проанализирало според утврдените критериуми и спровело гласање, на кое со мнозинство гласови се здобиле: Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковиловски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, В. Сузана Спасовска, Ана Стојановска, Снежана Стојчевска и С. Билјана Црвенковска. Тоа се новите членови на ДПМ кои ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на ДПМ во понеделник, на 15 април, со почеток во 19 часот.

Книгите што во процесот на аплицирање беа доставени во канцеларијата на ДПМ може да се подигнат секој работен ден во периодот помеѓу 9 и 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот