Нови „бомби“ на Фејсбук

Не запира објавувањето на нови „бомби“. Денеска на социјалната мрежа фејсбук објавени се неколку нелегално прислушувани разговори. Објавувачот за последната „бомба“ која ја постирал, напишал дека е разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, а зборуваат за Блерим Беџети, поранешниот министер за правда, објавува „Фокус“.

Втората бомба е на албански јазик, а објавувачот тврди дека зборуваат Муса Џафери и Бeкир Асани. Објавени се и уште шест бомби, со назнака дека тоа е само почеток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот