Нови 4.272 случаи на ковид-19 во Романија, починаа 199 лица

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Бројката на новозаразени од коронавирус во Романија порасна за 4.272, соопшти денеска Стратешката комуникациска група.

Тоа е пораст во однос на бројот на новозаразени регистрирани во претходните денови кој изнесуваше 3.826.

Вкупниот број на новозаразени од ковид-19 изнесува 479.634.

Од коронавирус во последните 24 часа починале 199 лица, што е пораст во однос на претходниот ден кога тој изнесуваше 138.

Во земјата вчера се извршени 9.551 тест. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус изнесува 11.530, додека 360.943 пациенти се излекувале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот