Нови 355 случаи на ковид и девет починати лица

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.025.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти од: Скопје – 1.153, Велес – 141, Охрид – 106, Прилеп – 105, Битола – 99, Кавадарци – 79, Куманово – 62, Струмица – 52, Тетово и Штип – по 45, Гевгелија и Крива Паланка – по 39, Кичево и Кочани – по 38, Македонска Каменица – 33, Свети Николе – 30, Ресен – 28, Струга – 25, Делчево – 23, Радовиш – 18, Гостивар, Виница и Демир Хисар – по 16, Неготино и Валандово – по 14, Берово – 12, Богданци – 6, Крушево – 4, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Дојран – 1.

Во последните 24 часа регистрирани се 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот