Нови 2.000 барања на граѓани за гарантиран минимален доход

Министерство за труд и социјална политика

Право на помош ќе имаат и оние кои се избришани од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или оние на кои работниот однос им престанал спогодбено, по барање или со отказ.

Од усвојувањето на мерките за олеснувањена пристапот на граѓаните до правото за минимален доход или социјална помош до центрите за  социјална работа биле доставени околу 2.000 барања на граѓани за искористување на ова право.

– Од околу 2.000 барање до сега решение е издадено за 200 од нив, аостанатите се решаваат тековно како се добиваат податоци од УЈП и МВР, соопшти денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Тој оцени дека кризата покажала дека реформите што беа направени во системот за социјална заштита се добро осмислени и помогнаа државата да може добро да се справи со последиците.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека државата преку надлежните институции ќе се погрижи за секој граѓанин кој се соочи со потешкотија и оти никој нема да биде изоставен.

– Со новите мерки се утврдува материјалната необезбеденост врз основа на приходи на сите членови на домаќинство во последниот месец. Ваквиот начин на утврдување ќе важи од април до декември годинава и со ова се овозможува брза реакција на системот за социјална заштита со цел барање фиансискиа поддршка на сите граѓани и семејства кои немаат приходи од разни причини, вели Шкријељ.

Таа додаде дека право на помош ќе имаат и оние кои се избришани од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или оние на кои работниот однос им престанал спогодбено, по барање или со отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот