Нова заболена волонтерка на оксфордската вакцина, „АстраЗенека“ вели дека нема врска со случајот

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Две лица се разболеа за време на испитувањето на вакцина против ковид-19 на која заеднички работат Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите на компанијата. Изворите, пак, наведуваат дека двете волонтерки претрпеле сериозни невролошки проблеми.

Компанијата во саботата објави детали од истражувањето, откако се соочи со низа критики за недостаток на транспарентност кога станува збор за развојот на вакцина против ковид-19.

Неодамна беше објавено дека една од волонтерките во проектот се разболела, откако во јули примила доза од потенцијалната вакцина. Кај една жена подоцна е дијагностициран попречен мијалитис, ретка болест што го напаѓа ‘рбетниот мозок, предизвикувајќи слабост, сензорни промени и дисфункција на автономниот нервен систем.

Портпаролот на „АстраЗенека“ во изјава за медиумите подоцна објави дека волонтерката имала недијагностифицирана мултиплекс склероза, па истражувањето продолжи.

Компликации се јавиле и кај друга волонтерка која примила доза од вакцината во септември. Од компанијата засега нема потврда на нејзината дијагноза, меѓутоа извор за „Њујорк тајмс“ сподели дека и во нејзиниот случај станува збор за попречен мијалитис.

Истражувањето на вакцината е запрено на 6 септември, по разболување на втората волонтерка, но помалку од недела дена е продолжено во Велика Британија, во Бразил, во Јужна Африка и во Индија додека сè уште се чека одобрување за продолжување на тестовите во САД.

„АстраЗенека“, која својата вакцина ја примени кај 18.000 ширум светот, во своите интерни документи наведе дека двата случаја на болест „веројатно не се поврзани со вакцината или оти нема доволно докази или дека не може со сигурност да се каже дека болестите се поврзани со вакцината“.

Попречен мијалитис важи за сериозна и ретка болест и нејзиното појавување меѓу учесниците во испитувањето би можело да доведе до губење на трката за вакцина против ковид-19 на „АстраЗенека“.

Компанијата во развојот на вакцина користи аденовирус кај мајмуни што дели ген со ковид-19, а тоа е непроверен метод за Кирил Дмитриев, извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции кој го финансираше развојот на руската вакцина „Спутник V“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот