Нова шокантна елиминација на „Ролан Гарос“ – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Нова шокантна елиминација на „Ролан Гарос“

„Ролан Гарос“ ќе продолжи без една од најатрактивните тенисерки, Каролина Возњацки која е поразена уште во раната фаза на терените во Париз.

После изненадувачкиот пораз на стартот на Кербер, денеска се случи ново големо изненадување на Грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во женска конкуренција.

Малку позната Вероника Кудерметова во првото коло успеа да слави голем триумф над данската тенисерка.

Иако Возњацки како „брз воз“ доминираше во првиот сет (6:0), нејзината противничка успеа да направи целосен пресврт.

Следните два сета Кудерметова ги освои со 6:3 и така турнирот остана без 13. тенисерка на светот.

Возњацки своевремено беше прва на ВТА ранг листата, но никогаш не успеала да освои Грен слем, а нејзиниот најголем успех на „Ролан Гарос“ е четвртфинале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close