Нов случај на Ковид-19 во Маврово и Ростуше

Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, регистриран е еден нов случај. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека тестот на лице, жител на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19.

Во најмалубројната гостиварска општина, по речиси двонеделна пауза, повторно беа регистрирани нови случаи на инфицирани со коронавирусот. Со последниот, вкупно четири лица од оваа општина се заболени.

До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 31. Во општина Гостивар активни се 14, а во Врапчиште 13.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 493 тестирања, а кај 52 лице имало позитивни резултати на Ковид-19. Од нив 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и шест во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот