Нов скандал на Австралија Опен: Конфискувани транспаренти за Шуаи Пенг

Шуаи Пенг во ноември минатата година обвини екс кинески вицепремиер за силување/ фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Обезбедувањето на Австралија Опен конфискуваше транспаренти и маички на навивачите со написи кои се однесуваат на Шуаи Пенг. На нив пишуваше „Каде е Шуаи Пенг?“.

Кинеската тенисерка се најде во центарот на светската јавноста во ноември минатата година кога на социјалната мрежа Веибо, објави дека била сексуално злоставувана од поранешен кинески вицепремиер.
Објавата веднаш беше избришана од кинеската социјална мрежа, а потоа тенисерката ја „снема“ од јавноста и светските медиуми шпекулираа дека се наоѓа во домашен притвор.

Минатиот месец се појави видео во кое Шуаи Пенг рече дека никогаш никого не обвинила за сексуално злоставување и дека била погрешно разбрана. ВТА потоа ги суспендира сите тениски турнири кои треба оваа година да се играат во Кина.

Организаторот на Австралија Опен, објасни зошто ги одземале транспарентите и маичките на навивачите.
„Поради условите при купување на билети,не дозволуваме облека, банери или знаци кои имаат комерцијален или политички карактер. Безбедноста на Шуаи Пенг е наша главна цел, продолжуваме да работиме со ВТА за да ја појасниме нејзината ситуација и ќе сториме се што можеме за таа да биде добро“, стои во соопштението на Австралија Опен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот