Нов паркинг за 40 возила добија жителите на Буњаковец

Фото: Општина Центар

За жителите на Буњаковец е уреден нов резидентен паркинг, на кој може да се паркираат до 40 возила. Паркингот е лоциран близу автобуската постојка КИМ, покриен е со бекатон плочки со нови рабници, со што како што информираат од Општина Центар се регулира паркирањето во овој дел од населбата.

Градоначалникот Горан Герасимовски е задоволен што напуштениот и несикористен простор меѓу зградите е преуреден во паркинг за околните станари.

Овие гарантирани паркинг места за жителите значат многу затоа што го скратуваат времето на барање слободно место и нудат поголема безбедност за нивните автомобили. Жителите во овој дел од населбата имаат навистина сериозен проблем со паркирање на автомобилите затоа што овде секојдневно гравитираат илјадници граѓани па слободно паркинг место е навистина реткост. Новиот паркинг дефинитивно го олеснува и решава долгогодишниот проблем на овдешните станари, вели Герасимовски.

Претходно Општина Центар го регулираше и прошири паркингот зад Народна Банка, кој е со капацитет за околу 250 возила. Оттаму велат дека ќе продолжиат да работат за да се задоволат потребите на сите граѓани во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот