Нов хаос во Челси, на клубот му се заканува исфрлање од Европа поради Абрамович

Роман Абрамович, и натаму е сопственик Челси/ фото: EPA/ANDY RAIN

Се чинеше дека продажбата на Челси е завршена, дека сè е договорено, но зделката меѓу Роман Абрамович и холивудскиот магнат, милијардер и сопственик на Доџерс од Лос Анџелес, Тод Боли, може многу лесно да пропадне.

Според новинарот на „Скај“, Марк Клејнмен, „тешката“ зделка од 5,2 милијарди долари се заканува да се распадне поради крајно нелогичниот потег на сè уште актуелниот сопственик на клубот, Роман Абрамович.

Продажбата на Челси, начелно договорена, би можела да пропадне поради „недостаток на консензус со клубот за продолжување на процесот на продажба“, стравуваат од Министерството за спорт, а пренесува „Би-Би-Си“.

Во случај да не се постигне договор, Челси би се нашол во големи проблеми бидејќи би му се заканувало исфрлање од одредени клупски натпреварувања, пренесува „Скај“.

Повикувајќи се на извори во владата на Обединетото Кралство, според „Би-Би-Си“ известува дека сите аларми се поставени кога станува збор за завршување на процесот на продажба на Челзи и дека целата процедура може да биде прекината доколку не се испочитуваат роковите.

Очигледно има уште простор за договор, но со оглед на роковите пред тимот од Лондон, јасно е дека на „сините“ им претстои крајно бурно лето.

Челси ги договори условите за продажба со конзорциумот предводен од Тед Боли, но сега постојат сериозни сомнежи дека Абрамович наводно одбива да се договори за деталите за продажбата.

Лиценцата на Владата, според која Челси работи од моментот кога му беа воведени санкциите на Абрамович, истекува на 31 мај, а за да биде завршена продажбата, треба да биде одобрена од Владата и Фудбалската асоцијација што е процес кој одзема многу време. Време кое Челси речиси го нема.

Владата од своја страна има проблем со давање дозвола поради „комплицираната сопственичка структура“, што дополнително го усложнува долгот што постои кон Абрамович кој изнесува 1,6 милијарди фунти. Уште од самиот почеток на процесот на продажба на клубот, а во соопштението за продажба на клубот, Абрамович најави дека сите пари (4,25 милијарди фунти) ќе ги даде за хуманитарни цели, но долгот што Челси го има кон него не се споменува.

– Мора да се решат две ставки – каде и како ќе се слеваат парите од продажбата и кои се гаранциите што ќе ги добие Владата дека парите одат во хуманитарни цели. Иако јавно кажа дека парите ќе ги даде за хуманитарни цели, Абрамович за тоа не даде никакви законски гаранции, ниту пак законски се обврза да го стори тоа – вели извор на „Би-Би-Си“.

Во секој случај, има два рока кои мора да се запазат – рокот за истекување на лиценцата и почетокот на јуни, кога истекува рокот во кој Премиер лигата им издава лиценци на клубовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот