Нотр Дам не може да се обнови целосно? Француски архитект ја откри причината за тоа

Фото: Принтскрин

Иако древните греди најверојатно се и причина за брзото ширење на пожарот и причина поради тоа што беше потребно толку време за да се изгасне, сепак тие биле клучен фактор во изградбата на прекрасниот готски кров, кој за неколку часа целосно исчезна.

Францускиот претседател најави дека катедралата Нотр Дам ќе биде обновена во рок од пет години.

Но, се поставува прашањето дали катедралата може да се обнови и да биде точно таква каква што беше пред да се случи големиот пожар.

Француски архитект тврди дека кровот на катедралата не може во целост да се обнови бидејќи повеќе „нема дрвја со таа големина кои растеле во 12 и 13 век“.

Кровот Нотр Дам е изграден од повеќе од 1.300 стебла. Секое големо стебло е претворено во голема дрвена греда, со цел да се изгради кровот.

Архитектот тврди дека тие дрвја веќе тогаш биле стари околу 300 години, пренесуваат светските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот