Норич се врати во Премиер лигата

На Норич му беше и доволен само еден бод против Блекбурн, но “канаринците“ успеаја да триумфираат и трет пат во клупската историја освоија повеќе од 90 бодови во една сезона. Секој пак кога ќе се случеше тоа, Норич триумфирал со лигата во која настапувал.

Победата на Норич му ја обезбедија Вранчиќ и Штеперман кои со головите во 13. и 21. минута му донесоа водство од 2:0. Гостите од Блекбурн успеаја преку Пуки да го намалат резултатот во 23. минута.

Норич на едно коло до крајот на Чемпионшип дивизијата има 91 бод, три повеќе од Шефилд јунајтед, додека тимот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Лидс, се наоѓа на третото место со 82 бодови и ќе мора да игра плејоф за влез во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот