Ниту навивачите не му можат ништо, еврогол на Нејмар за победа

Нејмар конечно заигра за ПСЖ откако цело лето бараше да си замине од францускиот тим и веднаш донесе победа. Бразилецот го постигна гол за победа во 92. минута од средбата против Стразбур во Лига 1.


На крајот Бразилецот испадна посилен и од навредите од навивачите кои постојано го исвиркуваа.

– Немам никаква порака за навивачите, ги разбирам. Доколку сакаат да ми свират, тоа слободно нека го прават, но мораат да се фокусираат само на мене. Ми се чини дека отсега секој натпревар ќе ми биде гостински – изјави Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот