Николов за водство на Македонија против Израел (ВИДЕО)

ffm.mk

Македонската фудбалска А репрезентација води со 1:0 после првото полувреме против Израел во последниот натпревар вечерва во Скопје од квалификациите за ЕП 2020.

На Националната арена „Тодор Проески“ во првите 45 минути целосна контрола на топката имаа момците на Ангеловски.

Се редеа шансите пред голот на израелскиот голман Харуш кој конечно го матиравме пред крајот на првото полувреме.

После еден изведен корнер, голманот Харуш не реагираше најдобро и воедно блокиран, тоа го искористи нашиот репрезентативен Бобан Николов кој ја упати топката во небранетиот дел на голот.

Голот на Македонија за водство од 1:0 можете да го погледнете на видео записите:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот