Никола Секулов се сели во Кремонезе

Фото: Nikola Sekulov/FB

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и Италија, Никола Секулов ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Кремонезе, објавија италијанските медиуми.

Секулов постигнал договор со италијанскиот второлигаш и треба само да ги помине лекарските прегледи за се да биде официјализирано. Секулов играше во развојниот тим на Јувентус до 23 години, а ги помина скоро сите младински генерации во торинскиот тим.

Кремонезе сезонава испадна од друштвото на најдобрите во Италија и во новата сезона ќе се натпреварува во Серија Б. Секулов во Кремона пристигнува како позајмен фудбалер, но клубот ќе има право да го откупи неговиот договор. Исто така Јувентус додаде и клазула според која може да го врати за одредена оштета во било кој момент.

Досега со вториот тим гигантот од Торино, Секулов играше во третолигашка конкуренција, а сега ќе има можност да биде дел од Серија Б.

Како што е позанто Секулов е роден во Пјаченца, а летово беше во посета на својот роден крај, Струмица и клубот од овој град, Беласица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот