Невработеноста на Хрватска на највисоко ниво за 15 месеци

Според најновите податоци на хрватската Служба за вработување, бројот на регистрирани невработени на крајот на мај изнесувал 157.839.

Стапката на регистрирана невработеност во Хрватска се зголеми за 0,1 процентни поени во мај во однос на април, на 9,5 проценти, што е највисоко ниво во последните 15 месеци, според објавените официјални податоци.

Растот на стапката на невработеност на почетокот на туристичката сезона не е вообичаен во споредба со претходните движења на хрватскиот пазар на трудот, се наведува во анализата на Рајфајзен банка Австрија.

Според најновите податоци на хрватската Служба за вработување, бројот на регистрирани невработени на крајот на мај изнесувал 157.839, што е за 1.395 лица (-0.9 отсто) помалку отколку во април, додека активното население било 1.664.801 лица и било за 22.127 помалку (-1.3 отсто).

Регистрираната стапка на невработеност претставува сооднос на бројот на невработени со активното население, така што горенаведената динамика на овие два индикатори последователно доведе до зголемување на регистрираната стапка на невработеност на месечна основа, се објаснува во анализата.

На годишна основа, стапката на регистрирана невработеност се зголеми за 2,5 процентни поени во мај.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот