НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Во фиоката им стоела ШАХОВСКА ФИГУРА вредна повеќе од милион евра

Шаховската фигура која недостасувала во средновековен сет откриен пред 200 години, пронајдена е во домот на единбуршко семејство.

Никој од семејството не знаел дека фигурата му припаѓа на Луисовиот шаховски сет, а на аукција би можела да достигне и цена од еден милион евра.

Сетот е пронајден на Луисовиот остров во 1831 година, но од него недостасувале пет фигури за кои не се знаело каде се.

Дедото на сегашната генерација на семејството од Единбург во чија сопственост се наоѓа една од фигурите бил трговец со антиквитети, а фигурата ја купил за 5 фунти во 1964 година.

Ни тој не знаел за значењето на девет сантиметри високата фигура направена од заби на морж, па антиквитетот 55 години стоел зафрлен во фиока, а никој од семејството не знаел што поседува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот