Неуспешен импичмент и длабока поделеност во американското општество

Новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за неуспешниот обид за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како и што се очекуваше, Доналд Трамп беше ослободен од обвинувањата, а обидот за импичмент инициран од демократите пропадна. Со 53 „против“ и 47 гласа „за“, сточлениот Горен дом на американскиот Конгрес го отфрли импичментот на претседателот.

Интересно е да се напомене дека републиканскиот сенатор Мит Ромни гласаше дека Трамп е виновен по првото обвинение, што го направи американскиот претседател прв во историјата на САД кој член од неговата партија пресудил дека е виновен.

Но, сепак демократите не успеаја да ја намалат разликата од 6 гласа, односно не успеаа да убедат шестмина републикаснки сенатори да ја поддржат иницијативата за импичмент против Трамп. Еден од нивните планови беше обидот за уверување дека ликвидацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани била дипломатска мисија.

На крајот, многу повеќе републиканци пресудија дека Трамп „не е виновен“, и бидејќи за ослободување се потребни само една третина од сточлениот Горен дом на американскиот Конгрес, или 34 гласови, вината од Трамп беше отстранета.

Ослободувањето на Трамп неколкунеделното судење кое ја подели Америка, покажа дека републиканскиот престедател сепак ја држи партијата под конторла, иако во минатото имаше несогласување и сомнежи.

Прогласувајки ја својата победа на судењето, Трамп импичментот го нарече „лакрдија“ и „лов на вештерки“.

Судењето на Трамп покажа дека постои длабока поделеност меѓу демократите и републиканците во САД, но и голема поделеност во американското општество за време на неговиот досегашен мандат.

Во преставничкиот дом, конгресмените изминатиот период влегуваа во конфликти дебати по партиска линија.

Демократите го нарекуваа Трамп опасен преседател кој мисли дека е над законот, а републиканците го штитеа својот претседател и велеа дека е жртва на политички заговор за да не се кандидира за втор претседателски мандат.

Кога Трамп во 2016 година победи на партиската конвенција за кандидат за претседател, многу од неговите сопартијци беа против него. Сега после четири години, тој покажа дека ја конторлира републиканската партија.

Иако очигледно не е многу омилен, сепак републиканците се свесни дека неговата популарност меѓу републиканските гласачи би можела да донесе уште еден мандат на републикаснки претседател.

Судењето покажа и до која мерка може партиските поделби да ја загрозат работата на Конгресот. Откако демократите ја презедоа контролата во претавничкиот дом во 2019 година, многу од законите донесени не поминаа во републиканскиот Сенат. Покренувањето на импичментот дополнително го потврди овој феномен, оневозможувајки договор меѓу двете партии поради непријателството на двата табори.

И по неуспехот на импичментот, порасна и рејтингот на Трамп на 49 проценти поддршка од домашната јавност, што е негов најголем досегашен рејтинг од неговото доаѓање на власт во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот