„НЕУНИШТЛИВ“: Винс Картер ќе ја игра 22 НБА сезона!

twitter.com/espn

Винс Картер се договори со „јастребите“ на една година, па ќе биде првиот играч во НБА лигата кој поминал 22 сезони.

Според „ЕСПН“, кошаркарот повторно ќе го облече дресот на Атланта, и доколку настапи на еден натпревар после 1 јануари 2020 година, тој ќе биде првиот кошаркар во НБА историјата кој играл во четири различни децении.

Зад Картер ќе останат Дирк Новицки, Кевин Гарнет, Кевин Вилис и Роберт Периш кои поминале 21 година во НБА.

Потсетување дека беше драфтуван во 1998 година како петти пик од страна на Вориорси кои потоа го трејдуваа во Торонто.

Поранешен победник (2000 година) во Ол-стар НБА забивање, двапати во кариерата успеал да реализира 51 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот