„Нетфликс“ отпушти 150 вработени, губи претплатници

нетфликс
Нетфликс / Фото: Unsplash / Thibault Penin

Околу 150 вработени на компанијата „Нетфликс“ беа отпуштени во вторникот, главно во Америка, приближно еден месец откако стримиг-сервисот најави намалување на бројот на претплатници за прв пат по 10 години.

Портпаролот на Нетфликс изјави за „Форбс“ дека бавниот раст на приходите и деловните потреби, а не индивидуалните перформанси, се причината за отпуштањата.

Портпаролот рече „никој од нас не сака да се збогува со толку одлични колеги“ и дека компанијата има намера „да ги поддржи низ оваа многу тешка транзиција“.

„Нетфликс“ објави загуба од 200.000 претплатници во првиот квартал, што е остар пресврт во однос на очекувањата да додадат 2,7 милиони. Компанијата соопшти дека очекува да изгуби уште 2 милиони претплатници овој квартал. По објавувањето на вестите, акциите на Нетфликс падна за 35% на приближно 220 долари и се тргуваше за околу 189 долари во вторник попладне.

Загубите делумно беа обвинети за споделување лозинки – „Нетфликс“ верува дека 100 милиони домаќинства ширум светот споделуваат лозинки, од кои 30 милиони се во САД или Канада. Ко-извршниот директор на Нетфликс, Рид Хестингс, рече дека услугата за стриминг ќе го истражи лансирањето нивоа со пониски цени, поддржани од реклами за да привлече клиенти и програма што ќе им овозможи на корисниците да плаќаат за дополнителни профили што можат да ги споделат, слично на тест-програмата што беше лансирана во Чиле, Коста и Перу претходно оваа година.

Нетфликс има над 11,000 вработени.

Нетфликс ќе почне да го наплаќа споделувањето лозинки

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот