Нетанјаху со порака до светските сили: Зголемете ги санкциите кон Иран!

Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска апелираше до светските сили брзо да ги зголемат санкциите кон Иран доколку Техеран го реализира планот за пречекорување на производството на збогатен ураниум.

Ако Иран ги реализира своите закани, меѓународната заедница мора веднаш да го примени однапред дефинираниот механизам на санкции, посочи Нетанјаху.

Тоа значи дека Иран ќе произведе повеќе ураниум отколку што му е дозволено со Договорот од 2015 година односно до 2031 година ќе надмине над 300 килограми.

Официјален Техеран минатиот месец им се закани на лидерите на Европска унија дека имаат рок од 60 дена да ја редифинираат својата улога во Договорот од 2015 година, кој според голем број аналитичари е „ништовен” откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД и повторно воведе санкции против Техеран.

Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Европа има малку време да го спаси меѓународниот нуклеарен договор со Техеран по повлекувањето на Вашингтон.

– Сега е пресуден момент, а Франција се уште може да работи со другите потписници на Договорот и да одигра историска улога за да го зачува Договорот во овој многу краток временски период, истакна Рохани.

Тој додаде дека пропаѓањето на нуклеарниот договор не би бил во интерес ниту на регионот ниту на светот.

Во меѓувреме, портпаролот на иранската Агенција за атомска енергија Бехроуз Камалванди изјави дека веќе е зголемено производството на ураниум во Центарот за нуклеарни истражувања во Натанц, кој се наоѓа во централната провинција Исфахан.

Иранските медиуми денеска објавија дека Техеран ќе објави нови чекори кои се однесуваат на помало почитување на нуклеарниот договор.

Иран тогаш предупреди дека ќе започне збогатување ураниум на повисоко ниво доколку светските сили во рок од 60 дена не ја заштитат неговата економија од американските санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот