НЕОБИЧЕН МОМЕНТ ПРЕД КАМЕРИТЕ: Новинарка во САД удрена по задник при репортажа од трка (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Учесник во добротворна трка во Савана, во сојузна држава Џорџија, ја удри по задник новинарката на ТВ каналот „Даблју-ес-еј-даблју” додека се јавувала во живо од местото на настанот, јави денеска „Си-би-ес”.

Снимката од случајот е објавена на Твитер и досега има повеќе од 11 милиони прегледи.

Од видеото се гледа како новинарката Алекс Бозарџјан води репортажа во живо за време на трка и стои завртена со грб кон учесниците на трката. Некои од нив се приближуваа кон неа мафтајќи пред камера, но во еден момент еден од тркачите ја удри девојката по задник, новинарката за момент го прекина известување, но потоа продолжи.

Фрагментот е постиран од корисник и потоа репостиран од самата новинарка со порака до човекот кој подоцна беше идентификуван од спортскиот совет на Савана и дисквалификуван од организаторот со забрана да учествува на сите нивни идни настани.

– Ме навредивте, ме искористивте како објект и ме вознемиривте. Ниту една жена не треба да се помири со ова, на работа или на друго место – изјави Бозарџјан.

Во интервју за „Си-би-ес”, Бозарџијан истакна дека човекот кој го сторил тоа и нанел огромна душевна болка, дека ударот бил силен, и дека и ја одзел моќта. На прашање дали ќе покрене тужба против него, таа одговори дека и потребно време да се соземе од нереалноста на настанот.

– Се гледам себеси на видеото и како тоа да не ми се случува мене – истакна Бозарџјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот