Необичен љубовен триаголник: Руперт Еверет шест години бил во врска со мажена жена, иако е хомосексуалец

Речиси не постои јавна личност во Велика Британија која славниот телевизиски водител Пирс Морган не ја имал во својата емисија „Животни приказни“ и не ја натерал да зборува за најскриените животни искуства, тајни и желби. Сега редот му дојде на актерот Руперт Еверет кој изнесе шокантни детали од својот живот.

Британскиот актер Руперт Еверет (61) со холивудска кариера, уште во 1989 година призна дека е хомосексуалец, но сега гостувајќи во емисијата кај Пирс Морган, откри дека бил во љубовен триаголник со телевизиската водителкаПола Јејтс, додека таа била во брак со ирскиот музичар Боб Гелдоф.

Нивната афера не била кратка, се гледале шест години, а љубовните средби биле јавна тајна позната и на нејзиниот сопруг. Прис Морган успеал од актерот да добие еден вид исповед за неговиот однос со Пола Јејтс. Тој признал дека многу ја сакал.

Актерот познат по улогите во филмовите „Вљубениот Шекспир“ и „Свадбата на моето момче“ уште во 2006 година за „Дејли Мејл“ потврди дека имал хетеросексуална врска, но овој пат поттикнат од прашањата на водителот со кои тој упорно го „боцкаше“, откри најинтересни детали.

– Мислам дека бев вљубен во Пола, а нејзиниот сопруг едноставно го игнорирав. Долго време бевме многу, многу блиски, таа е личност која ја обожував. Вистински ја обожував – призна актерот.

Во русокосата водителка која ја следеше лондонската музичка сцена и ги водеше емисиите „Тјуб“ и „Големиот појадок“, интервјуирајќи ги британските ѕвезди во кревет, се вљубил во 1982 година. Меѓу нив љубовни искри се појавиле на вечерата на која бил и нејзиниот сопруг, еден ден пред да му направи интервју на актерот за едно списание. Привлечноста била толку голема што тој го занемарил фактот дека таа е омажена. Кога Морган го прашал дали се чувствува виновен за таа афера, актерот возвратил:
– Не знам, мислам дека таа беше личноста која требаше да чувствува вина, не јас.

Руперт Еверет објави дека е хомосексуалец пред повеќе од 30 години, но на шармот на водителката не можел да одолее. Иако таа не била совршена убавица, заведувала со комбинацијата на шарм, весела и истовремено беспомошна личност, на што било тешко да се одолее.

Нејзината кршливост беше неверојатно привлечна. Мажите автоматски реагираа заштитнички во нејзина близина, па ни јас не можев тоа да го избегнам иако сум хомосексуалец. Имаше тенок, рамен глас и се држеше за мажите како мал, сладок октопод – се сеќава тој.
Бракот на Пола со Боб Гелдоф се распаднал во средината на 90-те години, кога таа се запознала со фронтменот на култниот бенд „ Инексес“. Привлечноста меѓу Мајкл Хаченс и Пола Јејтс била неверојатно голема. Поради него таа го оставила целиот живот кој го имала изградено во Лондон, само за да бидат заедно, а откако тој се самоуби со гушење во 1997 година во хотелска соба во Сиднеј (постојат индиции дека рокерот бил жртва на авто-еротско гушење кое наводно знаел да го практикува) била очајна. Не можејќи да се соочи со загубата на мажот кој го сакала најмногу, таа сè почесто посегнувала по дрога, за да на 41 година се предозира со хероин оставајќи ги зад себе ќерките Пичис и Пикси кои ги доби во бракот со Боб Гелдоф и малата Тајгер Лили од врската со Хаченс.

Пирс Морган го праша актерот дали се обидел да ѝ помогне по смртта на музичарот?
– Кога некој еднаш ќе скршне од патот, тешко е да го вратите на вистинскиот пат, бидејќи упорно ќе оди по погрешниот пат, без разлика што вие превземате. Да беше Мајкл Хаченс жив, мислам дека и Пола ќе беше денес со нас – заклучи актерот во исповедта за необичната љубов и пријателство со фаталната жена. Најтрагичниот детал во оваа приказна е смртта на нејзината ќерка Пичис која во 2014 година случајно се предозира и почина на 25 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот