Нема веќе правење домашни аптеки: Владата ветува од утре лекови на рецепт секој ден

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Од утре стартува големата здравствена реформа со која се укинуваат квотите на лекови на аптеките со што пациентите во било кој ден од месецот ќе може да подигнат лек на рецепт, а не само во првите денови од месецот како што е сега.

„Нема потреба од туркање кај матичните лекари во првите денови од месецот, правење домашни аптеки и барање за рефундирање“, рече директорот на ФЗО Ден Дончев.

„Со ова решаваме децениски проблем нема гужви и нетрпение“, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче.

Со новиот систем како што објасни Дончев сите аптеки добиваат еднакви услови за работа на ФЗО во реално време ќе има увид на застој и недостаток на лекови. Лековите за децата, неподвижните лица и постарите ќе ги може да ги подигнат нивни блиски.

Премиерот Зоран Заев рече дека државата е доволно ликвидна за да може да си дозволи ваква реформа.

Лековите ќе може да се подигнат со лична карта или патна исправа што ќе треба да се покаже и кај матичниот и во аптеката заедно со рецептата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот